Саем за проектот „Купи куќа, купи стан“ ќе се одржи од денеска до 1 ноември во Скопје Сити Мол. Заинтересираните граѓани ќе може да се информираат за поволностите што ги нуди владиниот проект, а присутни ќе бидат над 20 градежни компании и банки кои учествуваат во проектот.
На Саемот се најавени специјални попусти на станбениот кредит.
Досега преку проектот се доделени субвенции од 4,3 милиони евра. Станбеното прашање го решиле над 680 семејства. Поединечно субвенцијата може да изнесува до 14.000 евра.
Предвидени се два модела, првиот се однесува за ратата, вториот за учеството. Кај првиот модел на рата, Владата за изградба или купување куќа покрива 75 проценти од месечната рата (главница + камата) и тоа во првите 5 години од отплатата на кредитот. За стан, се покрива половина од месечната рата за истиот период. Субвенционираната камата изнесува 3,95 отсто во првите 3 години и 4,44 отсто во четвртата и петтата година од отплатата.
Вториот модел е за помош околу учеството. Владата плаќа 75 отсто од учеството за изградба или купување куќа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.