СИДА-та и натаму е болест која предизвикува најмногу смртоносни случаи во светот, но нејзиниот „примат“ последниве години сериозно го загрозува туберкулозата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Според податоците на СЗО, во текот на 2014 година од СИДА ширум светот починале 1,2 милиони лица, а од туберкулоза 1,1 милиони.
Во извештајот се вклучени податоци од вкупно 205 земји и територии од целиот свет.
Лани биле регистрирани околу шест милиони нови случаи на заболени од туберкулоза, од кои дури 400.000 били инфицирани и од ХИВ вирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.