Неписмени со придружба, сликање ливчиња, семејно гласање, некористење УВ ламба, се само некои од неправилностите што ги констатира граѓанската асоцијација МОСТ во вториот изборен круг.
Забелешки има за избирачки места во Кочани, Куманово, Тетово, Бутел, Битола, Гостивар и Шуто Оризари.
Набљудувачите на МОСТ на дел од избирачките места во општина Центар евидентирале метеж, тензична атмосфера, зголемено присуство на медиуми и на полиција.
– Причината за ваквата појава бил зголемениот број гласачи и интервенциите на партиските набљудувачи, кои реагирале дека овие гласачи не живеат во општина Центар, како и дилемите на членовите на ИО за тоа дали да им се дозволи на овие гласачи да го остварат гласачкото право – соопшти МОСТ.
На бесплатниот телефонски број 080 080 080 граѓаните најчесто пријавувале гласно читање на имињата на гласачите на гласачите места, расфрлан пропаганден материјал и дека ги нема во избирачкиот список.
МОСТ прелиминарна оценка за изборите ќе даде утре во 14.00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.