| четврток, 6 декември 2018 |

Актерот Маринко Мажгаљ одбива да се лекува во Германија

Познатиот српски актер и музичар Маринко Мажгаљ (37), кој извесно време боледува од рак на панкреасот, не сакал да замине на лекување во Германија, туку својата борба против подмолната болест им ја препуштил на лекарите во Србија.

marinko

Актерот и член на групата „Фламингоси“ почнал да користи алтернативна медицина и секој ден му е се подобро, пренесуваат српските медиуми. Маринко летово имаше две операции на панкреасот во КБЦ „Бежанијска коса“, од што успешно закрепнува.

„Маринко нафрли неколку килограми кои ги изгуби во последните неколку месеци. Пријателите го советуваа да оди на преглед кај познатата доктора Надежда Басара, една од најголемите стручњаци за трансплантација на матични клетки во Германија и Европа, но тој го одби тоа. Лекувањето го продолжи во Србија, користејќи традиционална и алтернативна медицина. Тој добро ја поднесе терапијата и се чувствува подобро – изјавил за српски „Курир“, близок извор на актерот.

Инаку, докторката Басара му помогнала во лекувањето на српскиот водител Дејан Пантлеиќ, кој исто така боледувал од карцином, но Маринко одлучил да се обиде на друг начин да се избори со својот проблем.

„Актерот во моментот контактира само со неколку колеги. Во посета му беше неговата поранешна сопруга, актерката Дубравка Мијатовиќ со нивната ќерка. За него најмногу се грижи неговата девојка Лана, која не се одвојува од него. Актерот е со добра волја и верува дека од оваа битка ќе излезе како победник – заклучува изворот.

Актерот кој извесно време се дистанцираше од медиумите, пред неколку месеци се огласи на Фејсбук со следнава порака.

„Ви благодарам на секој напишан збор и желбите за брзо оздравување. Ќе се потрудам што попрво да заиграм на сцената, да застанам пред филмската и тв-камера и повторно да бидам со сите вас.А и да запеам. Ве сака сите вашиот Маки – напишал актерот во својот статус.

Маринко и Дубравка (47) се разведоа минатата година по 7 години заеднички живот. Двојката ја има 5-годишната ќерка Сара.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top