| четврток, 6 декември 2018 |

Овие луѓе имаат натприродни моќи за кои науката нема објаснување (видео)

насловна

Инго Свон е човек кој има способност да види далечни географски локации и да ги опише сите физички атрибути. Способноста на Инго е неверојатна  и помалку застрашувачка. Дури ниту контролираните експерименти на ЦИА и НАСА  не дале јасни наоди, за разлика од она што Инго  може да го опише до детали.

На Стивен Вилтшир  на три години му бил дијагностициран аутизмот. Тој има способност да може да погледнете  слика или фотографија само неколку секунди, а потоа да ги нацрта на хартија со извонредна прецизност.

Бен Андервуд научи како својот недостаток да го изолира, па така сега знае како да ги слуша и користи ехото и звуците со помош на кои навигира низ светот. Тој е слеп, неговите две очи биле отстранети поради болеста од рак кога тој имал само 3 години. Во основа, тој е како Дердевил – тој го гледа светот низ звуци.

 Вим Хоф, исто така познат како Ледениот човек (Iceman), е човекот кој пливаше под речиси заледена вода, и стоеше на лед со часови. Тој го искачи Мон Блан облечен во шорцеви и сега е подготвен за нови предизвици.

Научниците навистина не знаат да го објаснат овој феномен, но 48-годишниот холанѓанец не само што може да ги издржи, туку и планира и да напредувана температури кои би можеле да бидат фатални за просечна личност.

Даниел Тамет е аутистичен научник.Тој може да обави прекомплицирани математички калкулации со опасна брзина. Но, за разлика од другите научници, тој всушност може да опише како го прави тоа.

Во неговиот ум, секој број до 10000 си има своја уникатна форма и чуство, па така тој ги “гледа” резултатите од калкулациите како детална, специфична слика.

Тој ја опиша сликата од 289 како посебно грда, 333 како посебно атрактивна, а “пи” како “убавица”. Тој исто така поседува јазични способности. Тој е способен да изучува нови јазици за многу кратко време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top