По само две години во брак, американската актерка Хали Бери и францускиот актер Оливие Мартинез, поднесоа документи за развод.
Својата одлука брачната двојка ја соопшти вчера во заедничката изјава за магазинот „Пипл“.
– Ќе продолжиме понатаму со љубов и почитување, сосредоточени на она што е најдобро за нашиот син. Еден на друг си посакуваме само среќа во животот – пишува во соопштението.
Четириесет и деветгодишните актери заедно го имаат двегодишниот син Мејс, поради кој велат одлуката за разводот ја донеле со тешко срце.
Бери го запозна Мартинез во 2010 година, откако ја раскина петгодишната врска со канадскиот манекен Габриел Обри.
И двајцата зад себе имаат по два неуспешни брака. Актерката кратко време беше мажена за безбол играчот Дејвид Џастис, а потоа за музичарот Ерик Бенет.
Мартинез претходно се забавуваше со поп-ѕвездата Кајли Миног.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.