| четврток, 6 декември 2018 |

Американците ќе прават нов супербомбардер

Корпорацијата „Нортроп Груман“ ја победи компанијата „Боинг“ и „Локид Мартин“, и успеа да добие договор за изградба на американски супербомардер на новата генерација за голема далечина.

b2bombarder_naslovna

 

Договорот е вреден над 55 милијарди долари, a подразбира изработување сто стратешки бомбардери со кои би се заменила старата американска флота Б­52 и Б­1 бомбардери. ­

– Веруваме дека нашата одлука претставува најголема вредност за нашиот народ, изјави секретарот за военовоздухопловните сили Дебора Ли Џејмс на прес­конференција во Пентагон.

Новите авиони ќе ги заменат старите бомбардери Б­52, кои се уште се користат. Просечната старост на авионот Б­52 кои се користени во виетнамската војна изнесува 51 година, а авионот Б­1 околу 29 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top