Корпорацијата „Нортроп Груман“ ја победи компанијата „Боинг“ и „Локид Мартин“, и успеа да добие договор за изградба на американски супербомардер на новата генерација за голема далечина.
Договорот е вреден над 55 милијарди долари, a подразбира изработување сто стратешки бомбардери со кои би се заменила старата американска флота Б52 и Б1 бомбардери.
– Веруваме дека нашата одлука претставува најголема вредност за нашиот народ, изјави секретарот за военовоздухопловните сили Дебора Ли Џејмс на пресконференција во Пентагон.
Новите авиони ќе ги заменат старите бомбардери Б52, кои се уште се користат. Просечната старост на авионот Б52 кои се користени во виетнамската војна изнесува 51 година, а авионот Б1 околу 29 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.