| четврток, 6 декември 2018 |

Се укинува роамингот во Европа!

Во преодниот период повиците по минута и сообраќај на податоци од  1 MB не смеат да бидат поскапи од 5 центи, а СМС максимално може да чини два центи.

Европскиот парламент денеска го изгласа укинувањето на роамнингот и неутралноста на интернетот, однсоно повици по минута и сообраќај на податоците од еден мегабајт не смеат да бидат поскапи од пет евроценти, додека СМС максимално може да чини два евроценти.

ЕП денеска го изгласа постапното укинување на роамингот во рамки на пакетот Единствен европски пазар за електронски комуникации.

Директивата во целост ќе стапи на сила на 15 јуни 2017, но преоден период е потребен како националните држави би го подготвиле своето законодавство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top