| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалски новитет од кујната на Динамо Киев, ќе има посебен сектор за црномурести навивачи

kiev

Вистински фудбалски раритет ќе направи раководството на Динамо Киев со отворање на посебен сектор на трибините за црномурести навивачи.

Ова доаѓа по постапката што УЕФА ја води против Динамо Киев за напад на неговите навивачи на група фудбалски симпатизери со темна боја на кожата на дуелот од Лигата на шампионите против Челси.

„Ќе се обидеме да направиме посебен простор на една од трибините само за црномурести навивачи. Сакаме да се избегне манифестацијата на расистички напади на нашите натпревари“, вели Володимир Спличенко.

Дали оваа чудна идеја на челниците на Динамо Киев ќе остане само како најава или ќе се спроведе во дело, зависи и од законите во Украина, односно дали нешто такво е остварливо и дозволено со закон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top