| четврток, 6 декември 2018 |

УЕФА ја одложи одлуката за Адеми до 16 ноември

Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Динамо Загреб Аријан Адеми денеска требаше да ја дознае судбината за својата кариера, откако Дисциплинската комисија најави соопштување на казната поради позитивниот допинг-тест.
Адеми по извршената допинг-контрола по натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал беше позитивен на А-примерокот. Откако по неколку седмици беше соопштено дека Адеми бил позитивен и на втората контрола, капитенот на Динамо го очекува долга суспензија која може да биде и максимална казна од четири години.

Сепак, УЕФА денеска соопшти дека конечната одлука околу казната на Адеми ќе биде соопштена на 16 ноември, по состанокот на Дисциплинската комисија.

– УЕФА реши да ја одложи одлуката за три недели, па Дисциплинската комисија ќе ја соопшти на 16 ноември – објави и Динамо Загреб на својата официјална клупска страница.

Максимална поддршка за Аријан Адеми претходно истакна и тренерот на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, нагласувајќи дека Адеми е вистински професионалец, кој многу пати бил досега контролиран, и сигурно поради ненамерна грешка сега неговата кариера добива несакан тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top