| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ сака да го направи Азар најскап фудбалер на светот

Најдобриот играч на Челси за минатата сезона кој беше прогласен и за најдобар во Премиерлигата за минатата сезона, Белгиецот Еден Азар на крајот од сезоната би можел да ги смени клупските бои. Тој се поврзува со трансфер во богатиот француски клуб ПСЖ и за него, богатите сопственици на „светците“ се подготвени да одвојат неверојатни 104 минлиони евра.
Азар игра далеку под очекувањата во новата сезона и како и дел од останатите фудбалери на англискиот шампион е незадоволен од работата и честите напади од менаџерот Жозе Мурињо и се погласни се шпекулациите дека за него сериозно е заинтересиран Реал Мадрид. Азар се поврзува со преселба во „кралскиот“ клуб уште во зимскиот преоден рок, но сепак попривлечни се оние 104 милиони евра кои ги нуди ПСЖ за да го добие фудбалерот на крајот од сезоната.
ПСЖ со години се обидува да направи тим кој ќе атакува на титулата вок Лигата на шампионите, но и покрај големите инвестиции, најголем успех е пласманот во четвртфиналето претходните две сезони. Азар би бил големо засилување за тимот, а самиот фудбалер би нашол нов предизвик во францускиот првак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top