Во земјите на Средна и на Источна Европа, најмногу пари за штедење во банка издвојуваат Австријците, чиишто просечни депозити месечно изнесуваат 201 евро, а најдолу се наоѓаат Србите со просечни 35 евра, покажало истражувањето на агенцијата ИМАС за потребите на австриската „Ерсте груп“.
На второто место се Словаците со просечен износ на заштеда од 94 евра, Чесите со 76 евра, Хрватите кои месечно заштедуваат околу 60 евра, а следат Унгарците со 47 и Романците со 41, како и Србите со 35 евра.
Поголемиот дел од граѓаните, или 90 отсто, како главен мотив за штедење ја наведуваат потребата за создавање финансиска позадина во случај на изненадни ситуации, а потоа и потребата за помали или поголеми трошоци и купување, односно реновирање (29 отсто) и содавање резерви за „црни денови“ (24 отсто).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.