| четврток, 6 декември 2018 |

Од играчка плачка, невиден инцидент на меч во Србија (видео)

trstenik

Опасен инцидент за среќа без последици по живот се случи на меч од третата српска лига меѓу домашниот Трстеник и Темниќ.

Еден од домашните играчи намерно со удар со нога во глава повреди гостински играч, кој падна во кома, но за среќа по десетина минути се врати од бесознание. Повредениот фудбалер беше префрлен во болница, а подоцна е пуштен на домашно лекување.

Тоа е само дел од приказната во која мораше да интервенира и полицијата за да го спасува братот на повредениот играч. Тој влета на теренот за да се пресмета со домашниот фудбалер, но потоа мораше да бега од атаците на останатите играчи на Трстеник и навивачите на овој клуб.

Погледнете го инцидентот на натпреварот од третата српска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top