На телефонската линија 02/15 123 за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела имало 1.342 повици. Од 15 септември 2014 година кога почна да работи линијата досега медицински совет побарале 58.488 пациенти.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.
Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет. Повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.
Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за главоболки, респираторни симптоми, зголемена телесна температура, за сезонски вируси предизвикани од променливите временски услови карактеристични за овој период од годината.
На сите лица што побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.