Вардар идеално одигра против Кјелце и го декласира полскиот тим со 10 гола разлика, и е единствениот тим во шестото коло од Лигата на шампионите со двајца ракометари во идеалниот тим.
Арпад Штербик повторно е најдобар голман на колото, а на шпанскиот репрезентативец друштво му прави Тимур Дибиров. Русинот постигна осум гола од девет обиди и беше избран за најдобро лево крило оваа рунда во ЛШ. Штербик ја заслужи позицијата број еден во дрим-тимот со 12 одбрани, а интересно е што голманот на Вардар на сите мечеви на кои бранеше сезонава во ЛШ има двоцифрен број на одбрани.
Во најдобриот состав на колото се и Иран Џамали, кој го предводеше Кристијанштад до триумф над Некар Левен, Расмус Лауге, кој беше незапирлив за одбраната на Висла Плоцк, како и Рамазан Доне, кој беше стрелец на десет гола за Бешикташ против Загреб. Листата ја комплетира пивотот Рене Тофт Хансен со одличната партија во дресот на Кил против Целје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.