| четврток, 6 декември 2018 |

Турција: Рибари спасија 18 месечно бебе од Сирија (видео)

Осумнаесетмесечно момченце безжитвно пловело во близина на турскиот брег кога го спасиле турски рибари. Момченцето, за среќа носел заштитен елек и благодарејќи на рибарите преживел. Според локалните медиуми, Мухамед Хасан бил меѓу патниците на двата брода полни се емигранти од Сирија.

turkey-S1_944628S1

Рибарите од Кушадаси го извлекле од морето и помислиле дека е мртво. Но од кога тоа почнало да испушта звуци сфатиле дека е живо.

-Беше потполно бледо и имаше пена на устата, но за среќа живо е – изјавија рибарите.

Рибарите од овој брод спасија уште 15 лица, меѓу кои и една трудница. Грчката крајбрежна стража соопшти дека три деца и една жена се удавиле кога бродот со 63 бегалци се превртел во близината на грчкиот остров Лезбос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top