| четврток, 6 декември 2018 |

Истрели, шок-бомби и солзавец во Подгорица – демонстрантите се обидоа да влезат во Парламентот (ФОТО + ВИДЕО)

На централниот плоштад во Подгорица вечерва почна протестот на опозицискиот Демократски фронт (ДФ).

tvoter_620x0

Откако демонстрантите се обидоа да влезат во Парламентот на Црна Гора, полицијата возврати со шок-бомби и солзавец. Поради тоа масата се растури, а има и ранети, јавуваат локалните медиуми.

pg 2

На плоштадот сега се наоѓаат само полициски џипови. Има извештаи за голем број повредени.

Povlačenje ljudi koje je jurila policija. Ovo je najveća sramota u istoriji cg policije

Posted by Sloboda Traži Ljude on Saturday, October 24, 2015

Претходно демонстрантите фрлаа петарди на зградата на црногорскиот парламент со извици „Нема повеќе да се чека!“ по што се појавија специјалните единици на полицијата. Танјуг јави дека околу 22 часот се слушале и истрели. Засега не е познато кој пукал.

pg 1

Многу демонстранти по жестоката акција на полицијата се разбегаа, а црногорската влада на својот Твитер-профил напиша дека демонстрантите брутално ја нападнале полицијата и дека демонстрантите се спречени и понатаму да ја напаѓаат полицијaта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top