| четврток, 6 декември 2018 |

Групна свадба за сиромашни и тешки инвалиди во Виетнам

Градските власти во виетнамскиот мегалополис Хо Ши Мин Сити, поранешен Сајгон, организираа настан што ја трогна пошироката јавност и направи среќни стотина сиромашни и инвалидизирани Виетнамци, кои немале можност својата врска соодветно да ја прослават.

dam_cuoi_25_zingСпонзорите на манифестацијата одржана на 20 октомври обезбедиле свадбена гардероба, венчални прстени, музика, цвеќе и подароци, а за забавата се погрижиле најпознатите музички ѕвезди на Виетнам.

dam_cuoi_16_zingМедиумите за најсреќни ги прогласија Хоан Линх и Труонг Фуонг, со тешко оштетен вид, кои биле заедно 17 години и имаат две деца. Поради сиромаштија, тие до сега не се венчале, а средства за живот заработувале како улични продавачи на лотарија. Мотивирани од нивната судбина, раководителите на Лотаријата на Виетнам обезбедија најголем дел од средствата за финансирање на групната свадба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top