| четврток, 6 декември 2018 |

Клои и Ламар го откажаа разводот

клои

Се чини дека блиската средба со смртта ја натера славната шоубиз двојка Клое Кардашијан(32) и Ламар Одом (35) да поразмислат за својот однос, па решија на својот брак да му пружат уште една можност.

Клои и Ламар одлучиле да го одложат својот развод, барем засега. Адвокатката на ријалити ѕвездата завчера на суд го замолила судијата да ги повлече документите за развод, а тој тоа го одобрил.

Клое, документите за развод ги поднела при крај на 2013 година, но таа и Ламар ги потпишале дури во јули оваа година. Сепак, нивниот случај се уште не е процесуиран поради застојот во работата на судовите во Лос Анџелес.

Пред неколку дена старлетата била снимена во болницата во која кошаркарот во моментот закрпенува. Иако неговата состојба е значително подобра, рехабилитацијата ќе биде долга и тешка. Медиумите пренесуваат дека можеби ќе мора да оди на трансплантација на бубрезите.

Американските медиуми објавија дека Клое ја завршила врската со кошаркарот Џејмс Харден, со кој се забавуваше во изминатите неколку месеци.

Ламар Одом пред десетина дена беше пронајден онесветен во еден бордел, каде бил предозиран од алкохло, кокаин и растителна вијагра. Кошаркарот едно подруго доживеал неколку срцеви и мозочни удари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top