| четврток, 6 декември 2018 |

Тело од одмазда – Клои Кардашијан проговори за себе

клои

Клои Кардашијан одлучи да го промени животот на многу девојки.

Откако целосно го промени својот изглед, сега е потготвена да им помогне и на другите во новата емисија на Е! каналот наречена „Тело од одмазда“.

-Додека растев, луѓето ме нарекуваа дебелата и смешна сестра додека еден ден не почнав да тренирам, да се хранам здраво и себе да се ставам на прво место – признава Клои.

Како што изјави, нејзиниот нов риалити има за цел да им помогне на луѓето на кои промената им е очајно потребна.

-Ќе претставам неколку внимателно одбрани тренери, нутриционисти и експерти за убавина кои ќе им помогнат во трансформацијата, за да можат да им се одмаздат на луѓето кои најмногу ги повредиле – заклучи таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top