| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: Продолжува бегалскиот бран, решение на 25 октомври

­ Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер смета дека бегалскиот бран преку балканските држави кон Германија ќе продолжи, а в недела на 25 октомври, на кризниот состанок посветен на бегалската криза, ќе бидат најдени практични решенија.

јункер2

Јункер синоќа во Мадрид на маргините на состанокот на лидерите на партиите, кои дејствуваат во рамки на Европската народна партија истакна дека „му доаѓа да заплаче“ кога ги гледа долгите колони на бегалци и оти кризниот состанок е европско­германска­словенечка иницијатива.

На кризниот самит лидерите на балканските и медитеранските држави би требало да дискутираат за практични прашања, како оние за помош на Словенија со шатори, постели, како и евентуално испраќање полициски единици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top