Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер смета дека бегалскиот бран преку балканските држави кон Германија ќе продолжи, а в недела на 25 октомври, на кризниот состанок посветен на бегалската криза, ќе бидат најдени практични решенија.
Јункер синоќа во Мадрид на маргините на состанокот на лидерите на партиите, кои дејствуваат во рамки на Европската народна партија истакна дека „му доаѓа да заплаче“ кога ги гледа долгите колони на бегалци и оти кризниот состанок е европскогерманскасловенечка иницијатива.
На кризниот самит лидерите на балканските и медитеранските држави би требало да дискутираат за практични прашања, како оние за помош на Словенија со шатори, постели, како и евентуално испраќање полициски единици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција
-
Барам почитувањe: Јункер се пожали дека имал проблем со ишијасот, не со пиењето!