| четврток, 6 декември 2018 |

Притвор за битолски педофил, злоупотребил три малолетни девојчиња

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Л.(60) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад на дете што не наврпило 14 години.

Во два наврата во октомври годинава пријавениот со неговото патничко возило ги зел трите малолетни деца, две сестри и нивната малолетна другарка, кои се наоѓале кај лулашки во Градскиот парк, ги викнал и ги однел надвор од градот во околно битолско село, каде врз сите три извршил друго полово дејство.

МВР денеска соопшти дека од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top