Словенечката полиција соопшти дека рано изутринава во Словенија пристигнала досега најголемата група од две ијади до три илјади бегалци.
Групата минала во Ригонце околу четири часот, а синоќа во Бизељско пристигнале уште 1.500 имигранти.
Портпаролката на полицијата на Ново Место, Аленка Дреник изјави дека двете групи пристигнале без претходна најава на хрватските власти.
Група од 2.200 бегалци го напуштиле синоќа прифатниот центар во Словенија и минале на територијата на Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.