| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за сите опции во случај да пропаднат преговорите

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие се однесуваат принципиелно и во согласност со договорот од Пржино додека пак СДСМ се обидува по секоја цена со паушални толкувања да бара негово проширување и дополнување.

Достоинственото држење на ВМРО-ДПМНЕ предизвикувало нервоза кај СДСМ, кои пак се обидуваат да заплашуваат со терминологијата дека “за СДСМ сите опции се отворени” алудирајќи на закани со повторно објавување на незаконските стекнати, креирани и објавувани материјали.

И за нас се отворени сите опции, велат од ВМРО-ДПМНЕ, отворени се сите опции за активности и дејства предвидени со законите и со уставот кои како пракса постојат во сите демократски земји и кои се потврдени со волјата на народот.

Од владејачката партија понатаму велат дека нивен најголем сојузник е народот, а во таква ситуација е чест да се бранат државните и национални интереси, како и принципите и вредностите на граѓаните на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top