На 30 октомври во „Прима центарот“ во Берлин ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на Дороти Пачкова под наслов „Come, go with me to my Wonderland“
– Преку изложбата “Come, go with me to my Wonderland” ќе се отвори темата за уметноста денес, во ова време невреме и ќе ги разгледа алтернативните начини на дејствување. Најважно е да создаваме каков било вид на потенцијална енергија во облик на уметност за да се индицираат општествени промени. Бунтовната желба најнепосредно извира од уметноста која го напаѓа постојаниот режим на ред и на конвенција – вели Пачкова за својата изложба.
Во галеријата ќе бидат изложени триесетина фотопринтови во А3 формати.
Изложбата ќе биде поставена во „Прима центарот“ до 25 ноември и сите заинтересирани ќе можат да ја видат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.