| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на астpофотогpафии „Поглед во недоглед“

Изложба на астрофотографии со наслов „Поглед во недоглед“ ќе биде отворена вечерва, 8 февруари во Музејот на град Скопје.

На изложбата, што ја организира Скопското астрономско друштво, ќе бидат претставени фотографии од ѕвездени траги, ноќни пејсажи, објекти од Сончевиот систем, бројни маглини и ѕвездени јата, блиски и далечни галаксии. Фотографиите се направени од членовите на друштвото на локации во Македонија и Европа во изминатите три години.

– Границата на можности на човечкото око е очигледна при набљудување на ведрото ноќно небо. Сè што може да се види се неколку илјади ѕвезди, тесна магловита структура која се простира од хоризонт до хоризонт, неколку планети, а неретко метеори и сателити. Оние кои знаат каде да погледнат, на доволно темно небо можат да видат и две соседни галаксии. Сепак, овие глетки се доволни за да поттикнат возбуда, љубопитност и желба да се посведочат промените и процесите кои нашите очи не можат да ги видат – велат од Скопското астрономско друштво.

Изложбата е помогната од Музејот на град Скопје, а влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top