| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Мирко Вујисиќ во Чифте-амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте-амам, вечерва, 21 октомври, во 20 часот ќе биде отворена изложба на авторот Мирко Вујисиќ со наслов „Хронологија на дневни записи“.

„Хронологија на дневни записи“ го сублимира досегашното творештво на авторот презентирајќи избор на дела што го одразуваат неговиот интензивен интерес кон различни ликовни медиуми – графиката, цртежот и сликата.

Мирко Вујисиќ е веројатно најпрепознатлив во однос на својот примарен афинитет кон графичките техники, каде мајсторството на авторот е евидентно преку застапеноста на сите графички техники (длабок печат, бакропис, сува игла, акватинта…).

Вујисиќ е роден во Прилеп во 1957 година. Училиште за применета уметност, оддел графика завршил во 1977 година. Во 1979 година дипломирал на Вишата педагошка академија во Скопје. Во 1984 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на одделот графика, во класата на проф. Драгутин Аврамовски – Гуте. Во 1998 година завршил постдипломски студии на одделот за графика во Белград во класата на проф. Небојша Радојев. Во 1990 година ја користи стипендијата „Моша Пијаде“, односно користи студиски престој во Париз. Од 1985 година до денес работи на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top