Медиумите на СДСМ уредувани од партиското седиште на Павел Шатев тонат во очај со серијата лаги, кои секојдневно ги пласираат. Последна во низата е дело на порталот на dиректорот на Паркинзи cентар, Саша Богдановиќ, кој истовремено е претседател на општинската организација на СДСМ во Центар.
Порталот Центарњуз објави дека ексдиректорот на ДБК Сашо Мијалков бил на ручек со Државниот обвинител Марко Зврлевски во ресторанот „Балканика“. За драмата да биде поголема порталот пишува дека Мијалков со повисок тон разговарал со Зврлевски, кој, наводно, бил и вознемирен.
За сето тоа да биде поубедливо, порталот „обезбедил“ и фотографија од нивниот ручек.
Се разбира, како и секогаш, така и сега, станува збор за класична лага бидејќи таков ручек воопшто немало, а „ексклузивната“ фотографија на овој портал е направена на Ромскиот бал, кој се случи одамна, каде што покрај Мијалков и Зврлевски имаше уште стотици гости.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.