| четврток, 6 декември 2018 |

Американски воен авион се урна во Велика Британија

­ Авион „Ф­ 18“ на американската воена авијација, се урна денеска во Велика Британија, соопштија полицијата и британските воени власти.

amer voen

Инцидентот се случил денеска претпладне, во реонот на англиската област Кембриџшир, на една локална фарма, околу 6,5 километри далеку од воена база на британското кралско воено воздухопловство (РАФ).

Во првите извештаи на полицијата од теренот не се сооптуваат детали околу тоа дали има загинати или повредени лица. Засеге не е познато како дошло до инцидентот, ниту која е причината за падот на авионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top