Осмото издание на фестивалот за современ танц и перформанс „Локомоушн“, организиран од Локомотива – Центар за нови иницијативи во уметноста и културата ќе се одржи во Скопје од 24 до 28 октомври. Програмата ќе се реализира во Младински културен центар и во Менада.
Фестивалот ќе биде отворен во сабота, на 24 октомври, во Младински културен центар со две претстави од интернационалниот програмски дел на фестивалот. Во 20 часот „На трака“ – авторство и изведба: Игор Коруга, а во 21.30 – das marionette: Saudade. Изведува: Adriana La Selva (Адриана Ле Селва), музичка изведба Arnaud Stox (Арно Стокс).
Осмото издание на фестивалот ќе понуди нов преглед на најновото и иновативното во полето на современиот танц и перформанс, дополнет со работилница, презентации на истражувања и промоција на книга.
Програмата оваа година се состои од интернационален програмски дел во кој ќе гостуваат танчери од Србија, Белгија, Германија, Хрватска и Португалија.
Од македонските автори се претстави делото MRF – кратенка од изразот „madness runs in the family” – на Драгана Заревска и Александар Георгиев (изведувачи, музика и текст) во форма на презентација на истражување. Делото е развиено во рамки на две резиденции организирани од Локомотива, Скопје како Либеро партнер на АПАП проектот во 2015 година, и тоа во Студенски центар Загреб и во Буда Кортријк Белгија.
Дискурзивниот програмски дел се содржи од предавања, разговори, работилници, презентации на истражувања и дискусии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.