Најдобриот играч на Кливленд и еден од најдобрите во светот, Леброн Џејмс, ќе биде подготвен за почетокот на новата сезона во НБА-лигата.
Оваа информација ја пренесе тренерот Дејвид Блат и ги израдува обожавателите на тимот. Џејмс поради проблеми со грбот ги пропушти последните три средби на Кливленд, но Блат откри дека повредата не е премногу сериозна, а отсуството на најдобриот кошаркар е поради внимание од непотребен ризик.
– Тој е апсолутно подготвен за почетокот на новата сезона. Леброн е нашиот главен играч и тој ќе биде предводник на тимот и на почетокот од новиот шампионат – дециден е Блат.
Добра вест за овој стручњак е што на последниот меч своето враќање на терените го имаше Кевин Лав, кој, исто така, би требало да биде подготвен за почетокот на новата сезона.
Првиот натпревар Кливленд го игра против еден од главните конкуренти за титулата во источната кофенреција, екипата на Чикаго Булс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.