Нашиот млад но веќе докажан актер, комичар и стенд ап артист Бојан Велевски ја почна голема турнеа низ Македонија. На 17 октомври, минатата сабота, домот на млади во Штип беше претесен за многубројната публика.
Прекрасното расположение, многуте насмеани лица и громогласниот аплауз, докажуваат дека Бојан е на прав пат. Тој турнејата ја продолжува веќе утре во Крива Паланка во домот на културата, по што следуваат: Гевгелија 5 ноември, Кочани 6 ноември, Свети Николе 12 ноември, Виница 19 ноември, Богданци, Делчево, Радовиш и Струмица.
Одличната „Тур де стенд ап“, која се случува за прв пат во Македонија, почна од источна Македонија, ќе продолжи по нова година и во западна и во централна Македонија, а ќе финализира на лето во туристичките центри Охрид, Преспа и Дојран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)