| четврток, 6 декември 2018 |

Втора свадба за Бојана Атанасовска

Поп-пејачката Бојана Атанасовска по вторпат ќе заплива во брачните води. Нејзиниот избраник е селекторот на македонската футсал-репрезентација, Васко Скендеровски, со кого Атанасовска е речиси две години во љубовна врска, пишува „Телеграф“.

Свадбената веселба е закажана за 24-ти ноември, а на свадбата, како што пишува порталот, ќе пее Драган Којиќ-Кеба.

Бојана за првпат јавно зборуваше за новата љубов на последниот „Макфест“. Тогаш откри дека токму Скендеровски инсистирал таа да учествува на фестивалот, одлука што подоцна се покажа како вистинска, бидејќи победата по вторпат замина во нејзините раце.

Во интервју за „Република“, веднаш по победата, Атанасовска конечно е среќна и ужива во љубовта и во животот.

Ова е втор брак за нашата пејачка. Таа во 2010-та година се омажи со Огнен Чаловски, но по две години се разведе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top