Потребни се десет дена за да се навикне организмот да на промената на времето. Лекарите предупредуваат дека падот на температурата може лошо да влијае не само на болните, туку и на здравите.
Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатите и лицата со хронични заболувања.
– За да можат граѓаните полесно да ги поднесат промените на времето, потребно е да практикуваат физичка активност и да внимаваат на исхраната – советува д-р Љубе Пајковски, раководител во Брза помош.
Поради големата разлика во температурата, во Брзата помош очекуваат и зголемен број повици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.