| четврток, 6 декември 2018 |

Од промена на времето страдаат и здравите и болните

болка

Потребни се десет дена за да се навикне организмот да на промената на времето. Лекарите предупредуваат дека падот на температурата може лошо да влијае не само на болните, туку и на здравите.

Од заладувањето најпогодени ќе бидат метеоропатите и лицата со хронични заболувања.

– За да можат граѓаните полесно да ги поднесат промените на времето, потребно е да практикуваат физичка активност и да внимаваат на исхраната – советува д-р Љубе Пајковски, раководител во Брза помош.

Поради големата разлика во температурата, во Брзата помош очекуваат и зголемен број повици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top