Вечерва во Лигата на шампионите се игра дерби дуелот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид на „Паркот на принцовите“, екипи кои се вбројуваат во најтесниот круг за освојување на овогодишеното натпреварување.
Двете екипи имаат по две победи во пресрет на третото коло, а Реал Мадрид има дополнителен проблем со составот бидејќи неможе да смета на поодамна повредениот Џејмс Родригез, и ѕвездата од Велс Герет Бејл кој го повреди бутниот мускул на натпреварот викендов во Примера дивизија.
Сепак, во составот ќе ги имаат најдобриот фудбалер во светот Кристијано Роналдо. Тоа не ги поколеба во таборот на „светците“ и тренерот Лорен Блан е оптимист пред натпреварот и вели дека ПСЖ е подготовен да го победи Реал и да се одлепи на табелата.
– Вечерашниот меч против Реал Мадрид е од голема важност за нас. Играме против еден од најсилните тимови во Европа и кога ќе се споредат составите тогаш се гледа разликата. Сепак Реал Мадрид е најтрофејниот тим во ЛШ – изјави Блан.
Францускиот тренер е оптимист, и дополнува дека во Париз беше поразена Барселона, зошто тоа да не биде и Реал.
Имаме квалитет и секако дека можеме да победиме бидејќи играме на домашен терен. Веќе еднаш на домашен терен победивме европски гигант. Ја победивме Барселона, зошто да не падне и Реал Мадрид? Го почитуваме противникот, но може да го направиме тоа. Натпреварот нема да биде одлучувачки, но посакуваме победа. Ќе играме против Кристијано Роналдо, кој е еден од најдобрите светски фудбалери. Само погледнете ја неговата статистика, сѐ ќе ви биде јасно – заклучи Блан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


