| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат по несреќата, Клои со емотивна порака за Ламар

Клои Кардашијан за првпат се обрати до јавноста по несреќата на нејзиниот поранешен сопруг, кошаркарот Ламар Одом. Ријалити ѕвездата последната недела не се одвои од болничкиот кревет на нејзиниот се уште сакан Ламар, за кого ќе се грижи и откако тој ќе ја напушти болницата.

– Последната недела беше навистина тешка. Многу сум благодарна на моето семејство, пријателите, фановите кои му праќаа молитви и убави желби на Ламар. Исто така, сакам да ја искористам оваа рилика и да им се заблагодарам на сите во болницата „Санрајз“, на лекарите и на медицинските сестри за нивната љубезност и посветеност кон работата. Поради таа неверојрна нега се случи и неверојатен прогрес.

Никогаш не можете да се подготвите за вакво нешто, но без изливите на љубов и бесконечните молитви, кои Ламар ги примаше и без снагата што ми ја пружија моите најблиски, се ова тешко би го претуркале. Ви благодарам на непрестаната поддршка. Бог е голем – пораа Клои на својот веб-сајт.

Ламар Одом пред десетина дена си го доведе животот во опасност после опасна комбинација на лекови, алкохол и билна вијагра. Поранешниот НБА играч веќе не е во животна опасност, но пред него е долго опоравување, со трајни последици по здравјето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top