Поранешната кошаркарска ѕвезда, Ламар Одом говори за тоа како кариерата предвреме му завршила поради дрогата и му го уништила бракот со Клои Кардашијан
Екскошаркарот на ЛА Лејкерс и двоен шампион во НБА лигата, Ламар Одом за прв пат проговори за неговиот живот откако во 2015 беше пронајден во безсознание во бордел во Невада.
„Јас сум чудо кое оди” – вели Ламар Одом, кој успеа да ја измами смртта. Открива дека доживеал 12 мозочни и два срцеви удари во перидот кога бил хоспитализиран.
Ламар Одом беше дел од шампионскиот тим на „Езерџиите“, но поголема слава доби и се најде во центарот на вниманието поради неговиот брак со Клои Кардашијан, и учеството во супер популарното реалното шоу на сестрите Кардашијан,
„Кога на ТВ се појавив како мажот на Клои Кардашијан, одеднаш почнав да станаувам привлечен”.
„Луѓе кои не ме познаваа како кошаркар почнаа да ми приоѓаат, најразлични жени и проститутки се појавија од никаде”.
„Ако жалам за една работа во мојот брак, тоа е што имав голем број на афери со различни жени. Тоа не беше исправно однесување. Жалам што не си го држев во панталони”.
За моментот кога Клои Кардашијан го фатила како се дрогира, Ламар Одом вели: „Таа беше разочарана, а исто и јас”.
„Тажно е тоа што не знам поради што бев разочаран, поради тоа што таа ме фати или поради тоа што се дрогирав”.
„Потоа цело време знаеше дека се дрогирам. Кокаинот беше мојот избор”.
„Не сакам да кажам дека Клои го прифати моето дрогирање, тоа би било погрешно, едноставно таа го толерираше тоа“.
Клои Кардашијан во 2013 поднесе барање за развод, а покрај бракот, дрогата придонесе Ламар Одом предвреме да ја заврши кариерата.
„Кокаинот помогна кариерата да ми заврши побрзо. Дрогата ја уби мојата желба да тренирам и да бидам во форма“.
Во декември 2016 Ламар Одом замина на рехабилитација на инсистирање на неговата ќерка, и тој вели дека сега е чист и трезен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.