| четврток, 6 декември 2018 |

Харден ја откри причината за неговата добра форма оваа сезона

dzejms-harden

Плејмејкерот на екипата на Хјустон, Џејмс Харден ја игра својата најдобра сезона во НБА кариерата. Тој е најдобар асистент во лигата (11,8) и трет стрелец (28,8) веднаш зад Расел Вестбрук (31,4) и Ајзеа Томас (29,6).

Во едно интервју за „Спортс Илустрејтед“, Харден открива дека разделбата со неговата поранешна девојка, Клои Кардашиан е причината што игра во ваква форма сезонава.

– Моментално немам никаква грижа освен кошарката, а тоа е можеби главната причина за мојот успех. Ми се допаѓа како за промена дека не мора да се грижам дека ќе се најдам на насловните страни на некое списание. Тоа е добро чувство. Додека бев со Клои постојано бев во центарот на вниманието и не се снајдов најдобро во таа ситуација. Не сакав да ме фотографираат секаде, а тоа можеби влијаеше на мојата игра и на моите соиграчи. Морав да го прекинам тоа што поскоро за мое добро и на крај ми се исплатеше , вели популарната „брада“.

Ракетите оваа сезонa играат одлично под водство на Мајк Д’Ентони и се наоѓаат на третото место во Западната конференција веднаш зад Голден Стејт и Сан Антонио.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top