| четврток, 6 декември 2018 |

Топчиите во напад со целиот арсенал, опасна битка ќе се бие и на Максимир

Arsenal FC vs Leicester City

Арсенал нема простор за калкулации и вечерва ќе мора да бие од сите оружја против Баерн Минхен, ако сака да остане во игра за минување на групната фаза во Лигата на шампионите. Тоа е полесно да се изговори, па макар биле и најверен симпатизер на популарните „топчии“ од Лондон, отколку да се спроведе на терен, бидејќи ривалот е мошне опасен и се уште непоразен во сите натпревари во Бундеслигата и во Лигата на шампионите во новата сезона.

Сепак многу избор за избраниците на Арсен Венгер нема, победата вечерва во Лондон е императив, ако се сака пласман во осминафиналето.

Баерн е лидер по две рунди во Ф групата со шест бода и импресивна гол-разлика од 8-0. Последниот двомеч на овие две екипи беше мошне возбудлив, а повеќе успех имаа Баварците.

Во истата група жестока битка, барем според предиграта ќе се бие и во Загреб. На „Максимир“ Динамо ќе биде домаќин на Олимпијакос. Влогот е голем, а победа носи добра позиција за пласман во осминафиналето. Нетрпеливоста на Хрватите и Грците е позната, а пред мечот според информациите од грчките медиуми биле нападнати тројца новинари од нивната земја, наводно од навивачи на Динамо.

Двојки, трето коло, 20,45 часот: Арсенал – Баерн, Бате Борисов – Барселона, Динамо Загреб – Олимпијакос, Динамо Киев – Челси, Баер – Рома, Порто – Макаби Тел Авив, Валенсија – Гент, Зенит – Лион.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top