Филмот што говори за убиството на пет струмички студенти во 1951 година, насловен „Златна петорка“, вчера почна да се снима. Режисер на филмот е Горан Тренчовски, кој подвлече дека не прави биографски филм, ниту историски спектакл.
-Обработуваме интимна драма, која е вгнездена во стегите на некогашниот режим, конкретно во 1951 година, кога провејува мотивот за апсурдната ликвидација на петтемина струмички студенти – вели Тренчовски.
Директор на фотографија е Апостол Трпески, а улогите ги толкуваат актерите: Славко Штимац, Петре Арсовски, Љупка Џундева, Ненад Милосављевиќ, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Александар Ристовски, Влатко Илиевски, Васил Михајлов, Стојан Велков, Биљана Таневска, Диме Дрваров, Виктор Јакимовски, Григор Јовановски и Игор Тодоров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура