| четврток, 6 декември 2018 |

Почна снимањето на „Златната петорка“ (галерија)

Филмот што говори за убиството на пет струмички студенти во 1951 година, насловен „Златна петорка“, вчера почна да се снима. Режисер на филмот е Горан Тренчовски, кој подвлече дека не прави биографски филм, ниту историски спектакл.

12079682_883486905038074_1729507634546437122_n

-Обработуваме интимна драма, која е вгнездена во стегите на некогашниот режим, конкретно во 1951 година, кога провејува мотивот за апсурдната ликвидација на петтемина струмички студенти – вели Тренчовски.

10300286_883486898371408_3421460180686432413_n

Директор на фотографија е Апостол Трпески, а улогите ги толкуваат актерите: Славко Штимац, Петре Арсовски, Љупка Џундева, Ненад Милосављевиќ, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Александар Ристовски, Влатко Илиевски, Васил Михајлов, Стојан Велков, Биљана Таневска, Диме Дрваров, Виктор Јакимовски, Григор Јовановски и Игор Тодоров. 

12109309_883486888371409_4813818660395217133_n

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top