Проблемот со масовната миграција ја засега не само ЕУ, тој доби глобален карактер и неговото решение не е само грижа на Европа, изјави во Словачка генералниот секретар на ОН Бан Кимун, јави ТАСС. Треба да сме солидарни со бегалците и да сочувствуваме со нив. На луѓето, кои стравуваат од политички гонења, сиромаштија и конфликти, е потребно повеќе од почитување. Потребна им е заштита и помош, рече Бан. Тој ја поддржа позицијата на претседателот на Словачка Андреј Киска, кој изјави дека неговата земја е во состојба да прифати неколку илјади имигранти. По средбата со генералниот секретар на ОН, словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак соопшти дека Братислава ќе даде два милиона евра во фондот на организацијата за помош на бегалци. Словачка освен тоа, ќе оддели 18 милиони евра за поддршка на бегалците преку други меѓународни хуманитарни мисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.