Познато е дека дебелината има негативно влијание врз здравјето на срцето и крвните садови, а доведува и до покачување на притисокот, до дијабетес, до нарушување во структурата на коските и на зглобовите.
Масното ткиво е од витално значење за организмот и треба да го имаме, но само во одреден процент. Секој вишок е штетен додека секоја загуба е поврзана со метаболни нарушувања. Мускулите на телото се „машина“ за топење на мрсните наслојки во телото, која ги претвора во енергија.
Сепак, треба да се има на ум дека секое време не е препорачливо за вежбање. Вистинско време е она кога масните клетки се подготвуваат за ослободување на мастите. Значи, по оброкот најмалку два часа не треба да вежбаме, бидејќи го оптоваруваме варењето на храната. Најдобро време за фитнес е наутро пред појадокот, но може да тренираме и пред ручекот или вечерата. Утринските вежби мора да бидат умерени (не се препорачува трчање, бидејќи на крвните садови им се потребни најмалку три часа по будењето да го постигнат својот капацитет, па не е пожелно оптоварување).
За елиминирање масти потребно е да се вежба подолго од половина час, а најдобри резултати дава брзо одење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.