| четврток, 6 декември 2018 |

Повредената кандидатка победи на изборите за градоначалник на Келн

хен

Независната кандидатка за градоначалник на градот Келн која што беше нападната со нож поради нејзините либерални ставови за бегалците победи на изборите што се одржаа вчера.

Кандидатката Хенриете Рекер која што беше прободена во вратот во саботата вчера освои над 52 отсто од гласовите и покрај нејзините ставови според кои бегалците создаваат додадена вредност за Германија и затоа земјата и граѓаните треба да сторат се што можат за да ги интегрираат. Иако на изборите настапи како независна таа имаше поддршка од голем број симпатизери од речиси сите партии на германската политичка сцена освен од крајната десница.

Рекер беше нападната на отворен пазар во саботата од страна на средовечен граѓанин кој пред полицијата изјавил дека причините за нападот се поврзани со ставовите за бегалците. Во нападот беа повредени уште четири лица а засега нема директна поврзаност на напаѓачот со некоја радикална групација или политичка партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top