| четврток, 6 декември 2018 |

Убиецот на Марко Ивковиќ – Јагода ќе лежи 25 години затвор

navivaci

Од Турција пристигнуваат информации дека денеска заврши судењето на Кадри Акташ, кој беше осомничен дека минатата година, поточно на 21 ноември со нож му нанел смртни последици на Марко Ивковиќ – Јагода, навивач на Црвена звезда во Истанбул.
Средновечниот маж доби 25 години затворска казна, но тоа не ја намалува болката на роднините и пријателите на популарниот Јагода. Останатите шест осомничени кои се товареа за соучество, се ослободени од обвиненијата.
Пред околу една година е избоден пред натпреварот Галатасарај – Црвена звезда во рамките од кошаркарската Евролига.
Натпреварот се одигра без никаква информација што се случувало надвор до салата, а трагичната вест беше соопштена по мечот.

По споменатиот натпревар, тренерот на Галатасарај, Атаман, изнесе погрдни критики за навивачите на Црвена звезда, популарните Делии, но по дознавањето на инфрмацијата дека починал српски навивач, се обиде да ја ублажи ситуацијата и да упати извинување до клубот и до навивачите на Звезда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top