| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден џихадист oд Косово убиен во Сирија

jihadisti

Уште еден Албанец од Косово загинал на боиштата во Сирија, борејќи се на страната на ИД.

Станува збор за Басри Сулејмани од Приштина, кој бил десна рака на лидерот на албанските џихадисти во Сирија, Лавдарим Мухаџери.

Според електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, Сулејмани загинал при бомбардирањата на еден од камповите на ИД во Сирија. Веста за неговата смрт ја добило неговото семејство.

– Сулејмани ја оставил својата сопруга во Косово, за да се приклучи на силите на ИД во Сирија. За време на неговиот престој таму тој се оженил уште еднаш – пишува „Експрес“.

Со смртта на Сулејмани се зголемува бројот на убиените Албанци-џихадисти од Балканот во Сирија и Ирак на преку 80.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top