Поранешната новинарка на „Би-Би-Си“, Џеки Сатон, е пронајдена обесена на истанбулскиот аеродром Ататурк, а нејзините пријатели сметаат дека е невозможно да извршила самоубиство и тврдат дека е убиена.
Џеки Сатон патувала од лондонскиот „Хитроу“ и слетала во Истанбул, каде што го пропуштила летот за ирачки Ербил. Локалните медиуми јавуваат дека била вознемирена, бидејќи морала да купи нова карта, а нејзиното тело, обесено во тоалетот, подоцна го пронашле тројца руски патници.
Сите што ја познаваат се скептични дека таа извршила самоубиство.
– Најцврстата жена што сте можеле да ја запознаете, а турската полиција вели дека таа извршила самоубиство, бидејќи задоцнила на лет – напиша на „Твитер“ нејзиниот пријател и колега, Кристијан Бауер.
– Јас не сум за теории на заговор, но ако Турците велат дека безбедносната камера на Ататурк била расипана, тогаш Џеки е убиена – додава тој..
Сатон работела како директорка на Институтот за известување за војна и мир, организација која ги поддржува активностите на новинарите во кризни ситуации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Адеми на изложбата „Скопски материјални и духовни проблесоци“ во Истанбул
-
Заев за Би-Би-Си: Над 75% од граѓаните ќе излезат на референдум и ќе гласаа
-
За „Би-Би-Си“ историскиот договор е во наводници: Личеше на свадба, едната страна се согласи да си го смени името!
-
Дејан Пројковски за претставата „Ромео и Јулија“ доби театарски „Оскар“ во Турција